Животот за Леонардо ди Каприо не може да биде подобар. Режисерите го молат да прифати улоги во нивните филмови, пари стигнуваат од сите страни, а жените буквално се фрлаат под неговите нозе. Холивудскиот убавец веројатно е личност која излегла со најмногу топ модели.
Но, изгледа тоа не му е доволно, па иако официјално е во љубов со Тони Гарн, прилично блиско се дружел со една непозната девојка во Кан. Бил на забава во еден клуб, по свечената премиера на канскиот фестивал, а око фрлил на една бринета од која не се одвојувал цела вечер. Играле, пиеле заедно и изгледало дека добро се забавуваат. Очевидци за странските медиуми велат и дека заедно го напуштиле клубот пред затворањето.