Холивудскиот актер во саботата прошета по улиците на Њујорк, меѓутоа, ретко кој го препозна. Во тоа успеале само оние кои се загледале во него. Леонардо ди Каприо во последно време верен е само на новиот имиџ. Актерот во последниве години важи за еден од најпосакуваните ергени. Меѓутоа, неговото најново, запуштено издание би можело да ја намали заинтересираноста кај понежниот пол.

 

Лео пуштил брада и коса која може да ја врзи во реп. Папараците го фотографирале во лежерна варијанта. На себе имал карирана кошула и фармерки. Моментално го снима филмот “The Revenant”, кој би требало оваа година да почне со емитување во кината. Во овој филм ќе го толкува ликот на Хуго Глас, познат американски истражувач, па можеби неговиот нов имиџ е само за потребите на филмот.