Популарниот актер Леонардо Ди Каприо изјавил дека досега би бил оженет доколку ја имал пронајдено вистинската љубов. Иако моментално е во врска со манекенката на Викторија Сикрет, Ерин Хетертон, актерот рекол дека сеуште не ја пронашол љубовта на својот живот.
Актерот открил и дека кај девојките го одбиваат занесеноста, претенциозноста и одмаздољубивоста, но и дека најмногу го привлекуваат оригиналноста и добрината. Претходно бил во врска со вистински убавици како Блејк Лајвли, Бар Рафаели и Жизел Бундшен, но ниту една од нив не успеала да го задржи на подолги патеки.