Во новиот филм “J. Edgar”, Леонардо ди Каприо ќе го глуми ликот на Џеј Едгар Хувер, првиот директор на ФБИ. Холивудскиот актер толку многу се посветил на улогата, што ставил на себе неколку килограми, како би потсетувал на Хувер. Тој со ова уште еднаш покажал дека својата работа ја сваќа многу сериозно. Пред почетокот на снимањето на филмот “J. Edgar”, тој неколку месеци истражувал за животот и делото на главниот лик.
Ди Каприо го посетил некогашниот дом на Хувер и ги гледал неговите снимки од младоста. Актерот изјавил дека ваквите истражувања ги спојуваат предизвикот и забавата, а сакал да дознае како Хувер одел, како зборувал, како изгледале неговите раце и слично. Проучувајќи ги неговиот карактер и однесување, тој ја открил и неговата љубов кон храната. Сценаристот на филмот, Дастин Ленс Блек, открил дека некои од килограмите кои ги имал Ди Каприо не биле само дел од маската.