Долгогодишниот ерген Леонардо ди Каприо наскоро би можел да заплови во брачните води. Овој пат веста ја објави таблоидот „ОК!“, кој пишува дека Лео после четири месеци врска се сврши со Кели Рохрбах. 25-годишната манекенка и Леонардо наводно се вериле за време на вечера во италијански ресторан во Њујорк.

 

Извор близок со парот вели деа не било планирано, едноставно се случило. Уживале во виното и разговорот. После тоа Лео ја запраша манекенката дали сака да се омажи за него. Тајната на нивното разбирање лежи во тоа што девојката е интелегентна, со завршен факултет и може да му парира на актерот кога разговараат. Изворот додава дека таа е многу повеќе од убаво лице и дека се пронашле и на интелектуално ниво, што е ново за него.