Популарниот актер Леонардо ди Каприо изјавил дека планира значајно да паузира со филмовите и да се фокусира на својата борба за заштита на животната средина. Во интервју за гермаснкиот весник „Билд“, актерот рекол дека се чувствува по малку „исцедено“ после трите филма кои ги снимил. Рекол дека оди на долга пауза. Снимил три филма за две години и бил многу исцрпен.
Ди Каприо покрај филмот „Осветата на Џанго“ кој веќе се прикажува по светските кина, го снимил и филмот „Големиот Гетсби“ на Баз Лурман како и “The Wolf of Wall Street”. Тој за весникот се пофалил со своите еколошки решенија, велејќи дека покривот на куќата му е покриен со соларни плочи. Покрај тоа возел електричен автомобил и додал дека нормалните автомобили дневно не минуваат повеќе од 50 километри и за тоа била доволна батерија.