Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо ќе присуствува во понеделник на аукција на уметнички дела во Њујорк чии приходи ќе бидат наменети за заштита на животната околина, соопштила аукциската куќа Кристи. На лицитацијата ќе се најдат 33 дела со еколошки теми, повеќето од современи уметници, а организаторите се надеваат дека заработката ќе надмине 15 милиони долари. Ди Каприо во каталогот наменет за аукцијата напишал дека неговата фондација е посветена на зачувување на последните парчиња од дивината на  Земјата и најзагрозените врсти кои живеат во неа.

Едно од главните дела на лицитацијата е сликата „Тигар“ на познатиот кинески уметник Занг Фанзи, од колекцијата на француксиот милијардер Франсоа Пино, која е проценета на 2,5 милиони долари. Во продажба ќе бидат и неколку графити на уметникот Бенкси, фотографијата “Silhouette Cowboy” на американскиот фотограф Ричард Принс како и бројни дела кои за тема ги имаат животните.