Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо само што ја прекинал врската со моделот Тони Грин, веќе повторно се вљубил, и тоа повторно во манекенка. Нова девојка му е Кет Торес, манекенка која има 24 години и која работи за модната агенција Елит во Париз. Атрактивната русокоса потврдила дека е во врска со популарниот актер.

Таа се пофалила дека го запознала Лео во Кан. Отседнале во исто сместување за време на фестивалот. Тој бил преркасен. Таа исто така рекла дека е загрижена од тоа како тој ќе реагира кога ќе слушне дека таа зборувала за нив пред медиумите, бидејќи имале договор да не зборуваат за нивната врска. Таа додала дека Леонардо не сака да се експонира и не сака да го фотографираат на секој чекор. Својата приватност ја чувал само за себе.