Сите знаеме колку славниот актер Леонардо ди Каприо сака манекенки, но исто така знаеме дека неговите љубови се со краток век. И додека целиот свет мислеше дека актерот конечно се скраси, Лео раскина со својата девојка, манекенката Кели Рорбах. Слична ситуација се случи и со неговата претходна девојка. Имено, штом медиумите почнаа да пишуваат дека Леонардо и Тони Гарн почнаа да живеат заедно, актерот стави точка на таа врска.
“US Weekly“ пишива дека познатиот пар раскина пред неколку месеци со заедничка одлука. Наводно, причина за раскинувањето е пренатрупаниот распоред на парот, па така, со заедничка одлука дошле до единственото решение, а тоа е крај на врската. Иако повеќе не е со најбараниот ерген во Холивуд, кариерата на Кели се движи по нагорна линија, па доби улога во римејкот на “Baywatch“, додека Лео го чекаат бројни доделувања на награди за кои е номиниран, од Златен глобус до Оскар.