Судот во Париз ќе ја разгледа тужбата која холивудскиот актер Леонардо ди Каприо ја поднесе против францускиот таблоид „Упс“ поради написот дека актерот наводно не сака да го признае детето кое го носи пејачката Ријана, пренесуваат француските медиуми. Тужбата се однесува на текст кој во францускиот таблиод излегол на 22 мај под наслов „Ријата бремена со Леонардо кој не сака да го признае детето“. Актерот бара обесштетување од 18 илјади евра и деманти.
Судот во Париз би требало да ја разгледа тужбата на 16 јуни, навеле француските медиуми. Ди Каприо неколку пати беше виден на јавни места со Ријана, која неодамна демантира дека е во врска со актерот. Таблоидите пуишуваат дека Леонардо моментално се гледа со манкенката Кели Робрах, а познато е дека имал врски со бројни манекенки меѓу кои Ема Милер, Жизел Бундшен, Ерин Хедертон и Бар Рафаели.