Актерот Леонардо ди Каприо кој има импресивна кариера и му се насмевнува златната статуетка, се забавувал со некои од најубавите жени на светот, но се чини не треба да бидете супермодел за да ве забележи. За време на интервјуто во емисијата „This Morning“ рекол дека од жената бара да е скромна, да има супер смисла за хумор и да нема претерана драма во љубовта.
Додал дека сега е во супер фаза од животот и дека бракот ќе му се случи или не. Сака сето тода да биде спонтано. Актерот досега излегувал со моделот Бар Рафаели, моделот на Викторија Сикрет Ерин Хетертон, актерката Блејк Лајвли и супермоделот Жизел Бундшен.