Извор близок на актерот рекол дека на Леонардо не му паѓа на памет да глуми во филмот за викинзите кој моментално го снима Мел Гибсон. Таа одлука ја донел поради обвинението кое на сметка на Гибсон го изнела неговата поранешна сопруга Оксана.
Во медиумите неодамна се појавија наводи на психолози кои се сомневаат дека Мел ќе може да се опорави од скандалот. Иако има многу од оние кои го бранат, меѓу кои и експерти кои рекле дека снимките на кои ја напаѓа Оксана се монтирани, неговиот углед е трајно извалкан и нарушена му е психичката состојба.