Водечкото руско филмско студио Ленфилм соопшти дека е спремно за снимање филм за водачот на руската револуција Владимир Илич Ленин, и додаваат дека главната улога ќе му биде доделена на Леонардо ди Каприо. Изјавата од тоа наjстаро филмско студио следи откако Леонардо изјави дека би сакал да го глуми Путин, Ленин или Распучин. Лео изјави дека Путин е исклучително интересна личност која би сакал да ја глуми.
Портпаролот на Ленфилм Валериј Карпов потсети дека Ди Каприо во младоста доста личел на Ленин, и дека тие споредби биле баш чести, и дека студиото има неколку проекти за периодот на Октомвриската револуција во кои Лео би можел да глуми. Рускиот режисер Владимир Бортко исто така порача дека би сакал да сними филм со Леонардо ди Каприо во главната улога. Бортко, кој е режисер на бројни филмови меѓу кои се „Мајсторот и Маргарита“, „Идиот“ и „Тарас Буљба“ порача дека Ди Каприо е одличен актер кој може да глуми што и да посака.