Списанието Форбс ја објавило овогодинешната листа на најдобро платени актери, според која за минатата година најмногу заработил Леонардо ди Каприо. Тој со заработка од околу 77 милиони долари го зазел првото место, благодарение на филмовите “Inception” и „Shutter Island“.
На второто место се нашол Џони Деп, кој на филмовите „Пиратите од Карибите“ некои други заработил 50 милиони долари. Третото место го зазел Адам Сендлер со 40 милиони, чевртото Вил Смит со 36, а петтото Том Хенкс со еден милион помалку. Меѓу првите десет успеале да влезат уште и Бен Стилер, Роберт Дауни Џуниор, Марк Волберг, Тим Ален и Том Круз.