Дека вистинската љубов не е лесно да се најде, знаат и холивудските ѕвезди. Имено, актерот Леонардо ди Каприо се пријавил на сајтот „Тиндер“ неменет за запознавање на партнер. На сајтот, на кој многумина бараат сродна душа, Лео се претставил како Леонард, пишува Холивуд Рипортер, додавајќи дека тоа е необично за 40-годишен актер за кој сонуваат многу девојки.

 

Актерот претходно се забавувал со голем број манекенки, а светска слава стекнал со филмскиот хит „Титаник“ од 1997 година. Тој е еден од омилените актери на познатиот режисер Мартин Скорсеже и играл во дури пет негови филмови, и тоа „Бандите на Њујорк“, „Авијатичар“, „Двојна игра“, „Затворен остров“ и „Волкот од Волстрит“.