Американскиот актер Леонардо ди Каприо се припрема за сложена улога на еден шизофреничар кој во седумдесеттите години бил оптужен за силување и провали. Медиумите наведуваат дека актерот пет години се спрема за улогата на Били Милаган во филмот “The Crowded Room”, по книгата на Даниел Киајз. Според Холивуд Рипортер, улогата е посебно тешка бидејќи Милиган бил подвоена личност и имал најмалку 24 различни личности.

 

Ди Каприо неодамна го завршил снимањето на филмот “The Revenant” на мексиканскиот режисер Алехандро Инјаритуа, кој оваа година освои Оскар за филмот „Човек птица“. Во вестернот “The Revenant” Леонардо го глуми Хју Глас, ловец кој пријателите го оставиле да умре кога го повредила мечка. Филмот во кината треба да се појави оваа година.