Додека „Големиот Гетсби“ бележи скромен успех на кино благајните, Леонардо ди Каприо се загрева за уште една историска улога, а овој пат не станува збор за фикција. Имено, актерот ќе го толкува ликот на рускиот мистик Григорј Распучин. Студиото Ворнер Брос ги откупил правата за снимање филм засноват на нацрт сценариото на Џејсон Дин Хол. Леонардо, наводно, се заинтересирал за проектот кога Хол му открил елементи од животот на контраверзната фигура кои досега не биле прикажани.
Не е познато дали новиот филм ќе се фокусира на целиот живот на Распучин, соработникот на царот Николај Втори, кој поради тоа и настрадал. Интересно е дека оваа вест била објавена само еден месец откако Леонардо ди Каприо најавил дека ќе направи подолга пауза бидејќи би преморен од снимањата. Распучин досега го играле Жерар Депардје, Алан Рикман, Лајонел Баримор, Мајкл Олдриџ, Том Бејкер, Кристофер Ли и други.