Леонардо Ди Каприо одамна важи за заводник кој е познат по тоа што е слаб на манекенки и модели. Актерот во неделата бил виден во друштво на поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ Миранда Кер, која неодамна и официјално се разделила со Орландо Блум. Парот бил во друштво на околу 15 пријатели на вечера во Лас Вегас. Манекенката била со две пријателки, а со нив бил и сопругор на Алиша Кис. Миранд седела спроти Ди Каприо.
Еден од гостите рекол дека сјајно се забавувале. Дошле со многу пријатели и разговарале за забавата од минатата ноќ. Миранда минатиот месец после три години брак и официјално се разделила со сопругот Орландо Блум, со кој има двегодишен син. Во последниве седмици неколку пати била видена во друштво на Леонардо, на забави по клубовите. Заедно биле и на 10 ноември, на забава во чест на роденденот на Лео.