Познатиот холивудски актер Леонардо ди Каприо и Ријана веќе две седмици посетуваат исти забави, а бројни сведови тврдат дека односот помеѓу нив полека се загрева. Така холивудскиот заводник и Ријана најпрво биле снимени на роденденската забава на дизајнерката Ники Ервин во Плејбој вилата. Како што тврдат присутни на забавата, пејачката и актерот завршиле во страсна прегратка, и размениле неколку бакнежи.
Тоа само ги подгреало трачевите за природата на нивната врска бидејќи во последно време неколку пати биле видени заедно на исти настани. Така биле фотографирани и на забава после доделувањето на Златните глобуси, на која исто така присуствувале и Фифти Сент, Скарлет Јохансон, Наоми Кемпбел и многу други славни личности.