Бестселерот на Ерик Ларсон “The Devil in the White City” конечно ќе биде екранизиран, а филмот, во кој ќе игра Леонардо ди Каприо ќе го режира Мартин Скорсеже. Студиото Парамаунт соопшти дека книгата на Ларсон ќе биде преточена во филм за кој сценариото ќе го напише Били Реј кој ги напиша сценаријата за филмовите „Капетан Филипс“ и „Игри на гладтта“.

 

Филмот е шести заеднички проект на Скорсеже и Ди Каприо кои последен пат соработуваа на “Волкот од Волстрит“. Објавена во 2003 година, книгата на Ларсон е приказна за архитектот на чикашкиот Светски саем во 1893 година и сериски убиец кој саемот го користел за своите убиства. Книгата веќе подолго време е барана роба во Холивуд, а посебно за неа е загреан Леонардо ди Каприо.