Се чини дека најновите фотографии на Бар Рафаели на кои позира во бикини на јахта ја предизвикале саканата реакција кај нејзиниот поранешен дечко Леонардо Ди Каприо. Имено, Лео размислува да ја обнови старата врска со убавата израелска манекенка.


Тоа го откриваат извори блиски на актерот кои воедно велат дека Лео и Бар сеуште не се заедно, но постојано разговараат на телефон и неможат да се наситат еден на друг. Продолжението на нивната врска е само прашање на време.
Ако овие информации се точни, тогаш е јасно дека Блејк Лајвли не успеала да го освои срцето на згодниот актер, тоа сеуште и припаѓа на прекрасната Бар.