Нина Агдал, манекенка за списанието „Спорт Илустрејтед“ ја раскинала врската со Мајс Џорџ, фронтменот на групата “The Wanted”, а утеха пронашла во актерот Леонардо ди Каприо. Пред само шест месеци, Макс Џорџ во едно интервју зборувал дека неговат врска со Нина е идеална, и дека долго време биле пријатели и дека тоа за нив бил следниот природен чекор.
Меѓутоа, постојаните патувања и обврски го наоправиле своето, па тие двајца раскинале, а на манекенката не и требало многу да пронајде замена. Во прашање е актерот Леонардо ди Каприо, кој има навика да се забавува со манекенки. Тој до скоро бил со Тони Грам, исто така манекенка, која судејќи според се го изгубила.