Канадскиот музичар Леонард Коен соопштил дека следниот месец, на својот 80. роденен, ќе објави нов албум, потврдувајќи ги така повеќенеделните шпекулации на медиумите. Албумот “Popular Problems”, како што се наведува на неговиот сајт, ќе „постави нов тон и брзина на надежта и очајот, тагата и радоста“. На албумот ќе има девет нови песни напишани со Патрик Леонард. Парот веќе работел на 12 албум на Коен “Old Ideas” кој е објавен во 2012 година.

“Popular Problems” во Франција ќе биде објавен на 22 септември, а еден ден подоцна во САД. Коен е роден во Монтреал во 1934 година. Посел тужбата во 2005 година против поранешната менаџерка која ја обвинил дека крадела од него додека живеел во манастир во близина на Лос Анџелес, Кое се вратил на музиката во 2008 година обновувајќи ја својата кариера.