Популарната британска пејачка Леона Луис е вљубена до уши, баш како и нејзиното момче, германскиот танчер Денис Јаух. Тие биле видени како неразделни уживаат на плажа во Лос Анџелес. Таа се обидувала да ја сокрие својата раскошна фигура, но сепак се соблекла како би го исончала горниот дел од телото.
Денис за тоа време се обидувал да ја импресионира правејќи склекови, а потоа заедно шетале по плажата, се сончале, бакнувале. По се изгледа Леона Луис конечно пронашла среќа со германскиот танчер. Претходно била во врска со Луис Лоу Ал-Чамам кој од неа барал паричен надомест за помош во нејзината кариера.