Беспрекорните млади истражувачи Лео Нелоски и Иво Георгиески од ОУ „Григор Прличев“ Охрид го освоија третото место на Првата Национална Олимпијада за Вселената во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, фондацијата Голдилокс, а со поддршка на Амбасадата на САД.

Лео и Иво, ученици кои и наставните и воннаставните активности ги посветуваат на надоградба и дружба со своите врсници, на промоција на своите дела и на школото, овој пат ќе одат на големото Суперфинале кое ќе се одржи во октомври годинава, со големи шанси за пласман и патување во Америка. Нивното успешно претставување на овој престижен настан остави посебен белег кај присутните и стручниот тим на судии кои со воодушевување ја оценаа нивната тимска работа, велат од училиштето.

Горди на успесите на нивните ученици, од училиштето велат дека не постои поголемо признание за успех, кога оние кои храбро чекорат по патот на успехот, истиот го делат со сите.

Не постои поголема гордост од тоа кога оние на кои им даваш знаење, достојно те претставуваат не само овде… туку и на сигурен пат кон светот, додаваат од училиштето.

OhridNews