Европскиот вицепрвак Пари Сент Жермен со пораз ја започна новата сезона во францускиот шампионат. „Светците“ оружјето го положија на гостувањето кај Ленс претрпувајќи минимален пораз 1-0.

Составот на Ленс максимално го искористи отсуството на првите ѕвезди на Нејмар и Килијан Мбапе, кои паузираат поради позитивните тестови на ковид -19 и забележа значајна победа на стартот од сезоната. Погодок за победа домаќините го постигнаа во 57-та минута. Стрелец беше Даного.

OhridNews