HELLO MACEDONIA! – Здраво Македонија!

Вака Лени Кравиц ја поздрави 10-илјадната публика на стадионот „Билјанини извори“ која во неповторлив амбиент го следеше шоуто на рок ѕвездата од САД. „Ви благодарам на топлиот прием во вашата земја, која имав можност да ја запознам малку бидејќи дојдов во Охрид еден ден пред концертот. Имав прекрасна вечера на која вкусив охридска риба и пикантерии од македонската национална кујна кои многу ми се допаднаа“, рече Лени Кравиц. Куртоазија или не Лени Кравиц синоќа во Охрид одржа незаборавен концерт. Демонстрирајќи врвен професионализам една од најголемите музички ѕвезди на денешницата максимално ја испочитува публиката во Охрид во која имаше обожаватели на рокот од Албанија, Косово, Србија и од Грција.


вкуси охридска риба и национални специјалитети – Лени Кравиц

Концертот на Лени Кравиц покажа дека Охрид е гладен за вакви големи настани и дека во летната туристичка сезона треба да има најмалку едно вакво случување. За вчерашното уживање едно големо браво за дечките од „Авалон“ продукција кои на Македонија и подарија концерт за кој уште долго ќе се зборува.


Охрид гладен за големи спектакли

Г.М./В.Б.