Пејачот Лени Кравиц соопштил дека на лето ќе го издаде новиот албум “Black and White America”. Кравиц рекол дека албумот ќе зборува за неговото искуство на пејач со мешана крв кој живее во САД.
Тој рекол дека пораснал во окружување кое било нешто помеѓу белиот и црниот свет, па затоа неговиот живот бил во знакот на контрастот. Негова мајка е афро-американската актерка Рокси Рокер, а негов татко Сај Кравиц, белец кој се занимавал со телевизиска продукција. Претходен негов албум бил “It Is Time For A Love Revolution” од 2008 година.