Рок ѕвездата Лени Кравиц кој на 3 август ќе одржи концерт во Охрид се прошета низ старата чаршија ама на реклами. Две млади момчиња носат сендвич реклами со ликот на Лени најавувајќи го големиот музички спектакл.


Лени Кравиц прошета низ охридската чаршија

На 5 дена до големиот спектакл се е подготвено за концертот на годината во Македонија, а според многумина и во регионот. Од организаторот, Авалон продукција, информираат дека просторот за обожавателите кои ќе може да го гледаат концертот на Lenny од пред самата бина, е зголемен.

Лени Кравиц во Охрид ќе настапи на огромната бина со димензии 24/14м. Иста таква бина  користеше „Бјело Дугме“ на трите стадионски концерти во 2006 година од кои на последниот имаше повеќе од 200.000 посетители. Првобитно планираните влезници се распродадени од пред дестина дена и бидејќи интересот е огромен во продажба се пуштени дополнителен број влезници, велат од Авалон.

Уште еден интересен детаљ за овој концерт е тоа што Lenny носи со себе опрема за звук и светло која при поставување тежи 15 тони. Колку за споредба, опремата што се користи на главната бина на фестивалот Exit тежи 10 – 12 тона.

Ohridnews