Концеротот на Лени Кравиц  е настан број еден во Охрид што се случи минатата година, оценуваат учесниците во анкетата што подолго време беше поставена на нашиот интернет портал а во која имаа можност да гласаат сите посетители на нашиот електронски весник. За овој настан гласаа 700 интернет посетители или 26 проценти од вкупниот број на гласачи во анкетата.


Лени Крвиц ги освои симпатиите на охриѓани

Веднаш по него како најпозитивен се оценува настапот на Џеси Норман на фестивалот „Охридско лето“. Џеси воодушеви 610 граѓани или 23 проценти од вкупно изјаснетите.


Неповторливата Џеси Норман на Охридско лето

На третото место е отворањето на Музејот на вода во Градиште за кој позитивна оценка дадоа 361 анкетирани или 13 проценти од вкупно анкетираните.


Праисториската населба во Градиште

Со 284 гласови на четвртото место се вбројува украсувањето на Охрид за Нова година, а на петтото со 264 гласови се најде  Европското првенство во ракомет за жени.


Норвешка триумфираше на ЕП што се играше во Охрид и Скопје

Седум  проценти од анкетираните се одучија да ја пофалат успешно спроведената сложена операција на мозок во болницата „Свети Еразмо“, а пет проценти од посетителите кои гласаа во анкетата се одлучија да ја наградат примената на Законот за јавна чистота.


Нов успех на лекарите од Коснозглобна

Годинава треба да се изградат и социјалните станови во Охрид. Поставувањето на темелите на објектот  е најпозитивен гест на власта кај 3 проценти од учесниците во нашата анкета. Меѓу позабележителните позитивни настани што се случија во 2008 година се најде и проектот за ревитализација на Студенчишкото блато, што го реализираше Ohridnews.

Ohridnews