Лени Кравиц последниве две години живеел во приколка на Бахамите. Познатиот музичар ја продал вилата во Њујорк, но ја задржал куќата во Париз, а рекол дека тропските предели најмногу го инспирираат и дека благодарение на ова двегодишно искуство го снимил новиот албум “Black And White America”.


Тој приколката во која живее ја паркирал на островот Елеутерија, родното место на неговата мајка. Изјавил дека на тоа место има најизразени чувства дека е дома. Често го посетувал островот уште од неговата петта година. Живеел на плажа каде поголемиот дел од времето го минувал во прошетка со кучето.