Екипата на Струга Трим Лум продолжи со задржување и засилување на својот фудбалски кадар во претстојниот летен преоден рок во македонскиот фудбал.
Нов фудбалер на стружани е Марјан Алтипармаковски, а договорот го продолжи моторот на екипата, Нијас Лена. Двајцата имаа официјална промоција.
„Црвено белите“ до сега се засилија со Јасмин Мециновиќ, Бесир Рамадани, Александар Ристески и Раиф Мирселоски.
Во текот на подготовките Струга Трим Лум ќе одигра неколку контролни натпревари, кои допрва ќе бидат објавени.
OhridNews