Два лемура, кои побегнале од зоолошката градина во Салзбург, биле фатени во хотелски бар во еден соседен град. Двата млади мажјаци, стари по две години, имале релативно голема слобода во движењето во зоолошката, а во неделата попладне побегнале, најверојатно во потрага за женки.


За четири дена поминале 25 километри, спиејќи дење на гранките од дрвата, а на навечер ја испитувале околината. Потоа влегле во хотелскиот бар, каде биле уловени од вработените, кои ја известиле зоолошката градина.