Чуварот на голот на германскиот прволигаш Штудгарт Јенс Леман е суспендиран од тимот поради Октоберфест, каде што се забавувал до доцна во ноќта.
Леман, после поразот во саботата на Штудгарт од Келн со 2:0, отишол со сопругата на фестивалот на пивото во Минхен. Тој во друштво со ски скокачот Свен Ханавалд и фудбалерите Штефан Ефенберг и Мирослав Клосе, малку претерал лумпувајќи со пивото во рака до раните утрински саати.
Тренерот Маркус Бабел, кој е негов поранешен соиграч од репрезентацијата дознал за „авантурата“ на Леман и веднаш го казнил.
– Ќе побарам состанок со Леман и директорот на клубот Харстом, и после тоа ќе видиме што ќе правиме понатаму, изјави Бабел.
Мојата посета на Октоберфест беше од хуманитарна цел која беше планирана подолго време, но сепак не беше во договор со клубот и затоа прифаќам казна, изјави Леман за Билд