Исцелителот и чудотворецот Авинаш Трипати тврди дека лечи луѓе со наговарање малку да се валкаат со него во кал. Индиецот, кој се смета себеси за свет човек, тврди дека калта со која секојдневно се покрива од глава до пети на брегот во Варанаси му дава моќ да исцелува болести со помош на природата.
Авинаш, 31-годишниот хиндуистички пустињак, се одрекол од семејството, домот и учителската работа за да живее на загадените брегови со кал од реката Гангес.
„Само ако се поврзе со вистинската суровост на природата, човек може да го пронајде вистинското исцелување. Сите болести можат да бидат излезени ако човек дозволи Земјата да помине низ него“, тврди Авинаш.