Од охридските аптеки велат дека единствено ограничување и контрола при набавка на овие лекови е приложувањето на лекарски рецепти, кои ги издаваат матичните лекари или специјалистите.
Како главна причина за земањето на антидепресиви, психолозите ги наведуваат влошената материјална состојба на граѓаните, страв од губењето на работното место, кредитна презадолженост и слични проблеми.
–Од овие причини се повеќе граѓани развиваат стрес и анксиозност и излезот од тоа го гледаат во лекарствата за смирување. Едни граѓани земаат лекарства за смирување за да ја редуцираат својата привремена напната психичка состојба, но дел од нив развиваат и посериозни депресивни симптоми, па стигнуваат и до болнички третман- велат психолозите од Охрид. Тие нагалсуваат дека неконтролираната употреба на антидепресиви е многу опасна, и предизвикува зависност, а она што посебно загрижува е фактот дека седативите ги користат сите старосни групи, а во последно време и помладите генарации.