Од денес, 29 аптеки на поширкото охридско подорачје ќе можат да издаваат лекови на рецепт, со сини картони. Дел од нив ги склучија, а дел ги обновија своите договори со Фондот за здравствено осигурување, врз основа на претходно објавениот конкурс. Вкупниот износ на месечната квота за сите аптеки заедно, изнесува вкупно 3.323.000 денари или приближно 55.000 евра.

-Сите оние аптеки кои што ги доставија своите барања заклучно со 26 март 2010-та година , ќе добијат договор кој ќе важи од 1 април, па се 31 декември 2010 одина. -се вели во соопштението на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

Во 2009-та година,  договор за работа со позитивнатата листа на лекови имаа склучено 27 аптеки од охридско. Сега тој број е зголемен за два односно,  договор за работа со фондот склучија 29 охридски аптеки. Зголемувањето на бројот на аптеки кои ќе работат со сини картони, значително ќе ги намали проблемите на охридските осигуреници, за набавката на истите.

OhridNews