Најновите истражувања покажуваат дека лекот против грипот, Тамифлу, речиси не се разликува од парацетамолот, а за него се потрошени милиони фунти.
Истражувањето на група експерти од британската истражувачка агенција „Кокреин Колаборејшн“ покажува дека повеќе стотици милиони фунти се трошат за антивирусната вакцина Тамифлу, а дејството на овој лек речиси воопшто не се разликува од дејството на парацетамолот.

Според нивната анализа, Тамифлу не го спречува ширењето на грипот, ниту пак ја намалува опасноста од можни компликации. 

– Јас мислам дека сега може да кажеме дека сме имале преоптимистички поглед во однос на лекот. Но, тој не дејствува онака како што нам ни е кажано. Исто така, има штетно дејство за кое не сме биле свесни. И секако не постојат релевантни докази дека лекот ќе го намали ризикот од пневмонија или хоспитализација ако добиете грип, што всушност беше основа за одлуката за складирање, изјави д-р Фиона Гудли.

Повеќето здравствени експерти ја осудија оваа анализа  обвинувајќи ги нејзнините експерти за користење погрешни податоци. Компанијата „Роше“, која го произведува лекот Тамифлу, предупреди дека тврдењата на Кокреин Колаборејшн, може да бидат многу опасни за јавното здравје.

-“Роше“ целосно стои зад податоците кои се користени и проверени од страна на регулаторите кои го одобрија Тамифлу во повеќе од 100 земји во светот, како за лекување на грипот, така и за превенција од нови случаи на грип, вели д-р Даниел Тарли, фармацевт во „Роше“.

Велика Британија досега има потрошено околу 500 милиони фунти за создавање резерви од лекот, за да биде земјата подготвена за евентуална глобална епидемија од грип, а, Светската здравствена организација го определи овој лек како главен во борбата со грипот.

 

извор:http://telma.mk