Пратката со лекот “Тамифлу“ кој се смета за единствен ефикасен лек против новиот грп од типот А(H1N1) доколку се употреби во првите 48 часа од инфицирањето, денеска пристигнува во Македонија. Министертството за здравство набави 50 000 кутивчиња од овој лек, а резервира уште 150 000.

Светската здравствена организација на 11 јуни прогласи пандемија на грипот од типот А. Еден ден подоцна швајцарска фармацевтска компанија објави дека произвела вакцина против новиот грип. Во Македонија досега не е регистриран ниту еден случај на заразен од новиот грип, но се преземаат превентивни мерки да се спречи евентуалното ширење на болеста која зема се поголем замав во светот. Републичкиот Завод за здравствена заштита деновиве излезе со препораки за повисок степен на хигиена, со цел да се избегне опасност за потенцијална зараза од грипот А H1N1. Надлежните укажуваат дека граѓаните имаат висока температура, кашлање и малаксаност, треба веднаш по телефон да го известат матичниот лекар, Брзата помош или Заводот за здравствена заштита.

Ohridnews