Составот на Охрид, не престанува со потпишување на нови договори со фудбалерите кои го носеа дресот минатата сезона и градење на екипата за следната во второлигашката конкуренција. Старо-нови коцки во мозаикот на охридскиот стратег Драган Бочески се Мартин Лекоски и Наум Вељаноски.

Со задржување на тандемот Лекоски-Вељаноски, „рибарите“ полека ја комплетираат последната линија од теренот и се надѕира изгледот на екипата која ќе треба да го изнесе товарот во Втората лига.

Охриѓани од почетокот на летниот преоден рок се активни и потпишаа нови договори со Игор Клечкароски, Раиф Мирселоски, Ромео Кочоски и Александар Бакулески, Бурхан Алији и Љупче Трпески, како и младите фудбалери Кипријан Петрески, Александар Ѓорѓиески, Михаил Ристески и Славе Маркоски.

Во следниов период ќе финализираат преговорите со останатите фудбалери, а ќе бидат официјализирани неколку нови засилувања.

OhridNews