Помладиот возач на Ферари, Шарл Леклер во потполност ја прифаќа вината за вчерашниот инцидент со својот тимски колега Себастијан Фетел.
После стартот во третиот свиок имаше инцидент после кој двата болиди ја завршија трката. За инцидентот младиот возач се извина, а германецот изјави дека воопшто не очекувал од тимскиот колега на толку тесен свиок да тргне во претекнување.
Фетел се откажа одма во првиот круг, а Леклер три кругови покасно заради оштетување на подот заради кој не можеше да го одржи болидот стабилен.
Се извинив но тоа ништо не значи во донос на штетата која ја направив. Едноставно сум разочаран од себе си. Се надевам дека од оваа грешка ќе излезам многу попаметен. Во сезоната во која ни тргна многу лошо ваквите работи не ни се потребни. Признавам дека мојот обид за претекнување беше пре оптимистички. Величината на Фетел е голема кој кога се извинив ми рече дека ако знаел дека тука ќе се обидам ќе пробал да направи место. – изјави Леклер.
И Фетел го прокоментира инцидентот.
Се борев со два други болиди и веќе бевме три болиди на третиот завој и бев многу изненаден кога Шарл го видов во обид да ме претекне. Некоја секунда порано да ја “прочитав“ неговата намера ќе се обидев да направам место. Штета. Голема штета. Имавме нов аеродинамички пакет. Во саботата заради дождот не можевме да видиме како функциониора, дали имаме подобрување, а на трката видовте што се случи. – рече Фетел.
На втората трка од Ф1 шампионатот победи Луис Хамилтон, пред Валтери Ботас и и Макс Верстапен.
OhridNews