Фудбалерите на Манчестер Сити на „Стемфорд Бриџ“ го одиграа најдобриот натпревар сезонава и со 3-1 (3-0) го совладаа Челси во дербито на колото во Премиер лигата.

„Граѓаните“ дилемите околу победникот ги решија за 16 минути. Германецот Илкај Гундоган го отвори резултатот во 18-та минута со ефектен погодок. Три минути подоцна Фил Фоден зголеми на 2-0. А, третиот гол Сити го постигна во 34-та минута преку Кевин де Брујне. „Сините“ во финишот постигнаа почесен погодок и го ублажија поразот. Стрелец беше Хадсон Одои.

Триумф денеска забележа и Лестер. „Лисиците“ со 2-1 славеа на гостувањето кај Њукасл и продолжија да ги притискаат водечките екипи на табелата Ливерпул односно Манчестер Јунајтед.

OhridNews