Два лекарски тима од охридската Општа болница се грижат за здравјето на учесниците на Втората Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што се одржува во хотелот Метролол.Тимовите во кои има доктори интернисти и други специјалисти се сместени во посебна просторија која се наоѓа во непосредна близина на салата во која се одвива пленарната расправа.


Лекарски тимови од Охрид се грижат за здравјето на учесниците на верската Конференција

-До сега имавме триесетина помали интервенции, вообичаени за вакви собири со голем број учесници, изјави за OhridNews, д-р Сашо Василески-интернист специјалист. Тој информираше дека независно од околностите лекарските тимови се подготвени  за секаков вид интервенција.

OhridNews