Конрад Мареј притрчал во помош на една жена која се онесвестила во авион и ја приклучил на инфузија. Младата жена патувала со 11-месечно дете. Адвокатката на Мареј изјавила дека не ги чуди оваа вест. Според неа, тој е добар лекар и добар човек, а таквите секогаш прават хумани работи.


Жената била превезена во болница, а авионот го продолжил летот до Феникс. Мареј е осомничен дека на Мајкл му дал анестетик пропофол, поради кој на кралот на попот му откажало срцето.