Конрад Мареј, лекарот кој му даде на Мајкл Џексон пропофол, во неговиот дом на кобниот датум, се врати на работа. Според извори блиски на семејството, најблиските роднини на Мајкл биле бесни затоа што лекарот повторно ги отворил вратите на својата клиника во која работел пред да стане личен 24-часовен лекар на Џеко.


Мареј му препишал на пејачот пропофол, кој обично се користи за да се успијат пациентите пред операција, како средство за спиење. Џексон со текот на годините развил зависност кон анестетиците, кои на крајот, во комбинација со други лекови го убија.