Конрад Мареј бил личен лекар на починатиот Мајкл Џексон. со обдукцијата било утврдено дека пејачот умрел од предозираност со лекови. Против неговиот лекар било подигнато обвинение за убиство од невнимание. Се предал на полицијата уште истиот ден, пренесуваат американските медиуми. Неговиот адвокат изјавил дека лекарот на суд ќе се изјасни како невин.


Максималната казна која може да ја добие, доколку се прогласи за виновен, е четири години казна затвор. било констатирано дека Мајкл добил преголема доза на лекови за спиење. Пејачот земал пропофол бидејќи пател од несоница. Лекарот требал да му помогне да биде во форма за повратничката турнеја која ја планирал. За тоа заработувал по повеќе од 100 илјади долари месечно.