Лекарот Конрад Мареј, личниот лекар на покојниот поп пејач Мајкл Џексон, со одлука на поротата бил прогласен за виновен за убиство од негрижа. Мареј бил најмен да се грижи за Џексон за време на неговите припреми за серијата повратнички концерти кои требало да се одржат во 2009 година. Бил осуден за убиство од негрижа, така што на пејачот му дал прекумерна доза од анестетикот пропофол, кој Џексон во комбинација со други седативи го земал поради проблеми со спиењето.


Лекарот за време на судењето, кое траело седум седмици, тврдел дека е невин и признал дека на Џексон му дал доза пропофол како би му помогнал да заспие, а неговите адвокати за време на судењето нагласиле дека пејачот е самиот одговорен за својата смрт, бидејќи без знаење на лекарот зел дополнителна доза од лекот заедно со други седативи, што било фатално. Обвинителите го обвиниле Мареј за негрижа во лечењето на Мајкл, бидејќи во неговата куќа чувал опасен лек, не ја следел неговата состојба, одлагал да повика брза помош и не им кажал на лекарите дека на пејачот му дал пропофол.