Малкумина се на светот кои смеат на венецуелскиот претседател Хуго Чавез да му речат да не зборува, но таа чест ја имал неговиот лекар, кој поради проблеми со грлото му препорачал да не зборува три дена.
Чавез не бил воодушевен со препораката од лекарот бидејќи смета дека молчењето и не е најдобар лек за него. Познато е дека Чавез држи говори и по неколку часа, па не е ни чудно што има проблеми со грлото.
Многумина го паметат говорот кој го држеше пред 2 месеци, кога во конгресот зборуваше 7 часа и тоа без да престане.
„Слушај пријателу, работи што можеш, но како ќе го спроведам јас тоа лечење? Три дена без зборување? Издржав речиси еден ден, дури ни толку“ – рекол Чавез во телевизиска емисија каде што се појавува секоја недела.