Досега околу 40 пациенти во светот користеле иновативна терапија која делува на трауматичните сеќавања правејќи ги прифатливи, а на која од 2007 година работи лабораторијата за трауматичен стрес во Тулуз. Станува збор за антимигренозното соединение „пропанолол“, кое го користеле пациенти во Тулуз, Монтреал и Бостон. Тоа се земало орално час и половина пред реактивирањето на трауматичното сеќавање и би можело да го намали емоционалното оптеретување врзано за тоа сеќавање.

Канадскиот професор Ален Брине прв го испробал тоа соединение во 2000 година во Монтреал кај пациенти оболени од хронични пострауматски симптоми по агресија или сообраќајни несреќи. Во периодот од 2006 до 2007 година Брине дошол во Тулуз да ги подели со останатите научници заклучоците до кои дошол, односно дека успеал со една сеанса со терпијата со „пропанолол“ да ја намали психолошката реактивност на сеќавањата. Субвенциите добиени од министерството за здравство овозможиле проширување на испитувањата во Франција.