Експертите тврдат дека последните истражувања покажале како се повеќе адвокати, лекари, стоматолози и ветеринари стануваат алкохоличари. Иако во народот алкохолизмот се поврзувал со лица со послаб имотен и образовен статус, најновите истражувања донеле некои други резултати. Тие податоци досега не биле толку познати бидејќи лицата како адвокатите и лекарите имале поголема склоност да ја кријат својата зависност и да ги кријат евентуалните лекувања од пороците.
На лекување најчесто оделе во странство. Алистер Морди водел една таква клиника за одвикнување на Тајланд и рекол дека бројот на лекари во последните две години двојно се зголемил. Британската здравствена организација нагласила деке се работи за голем и важен проблем од кој не треба да се бега, туку треба што поскоро да се реши. Според проценките, еден од 15 лекари ќе стане зависник и така ќе ја зголеми можноста за цироза на црниот дроб, а дури 24 проценти од адвокатите за време на кариерата ќе се препуштат на алкохолот.